МАГ
заварувањето е вид на електролачно
заварување со активен заштитен гас (обично јаглерод диоксид
CO2) или на мешавина на гас (Аргон + јаглерод диоксид, аргон + јаглерод
диоксид + кислород). Овој процес на заварување се врши во сите позиции. Заварувањето со краток електричен лак дава најнизок внес на енергија во
заварените материјали, така што го прави процесот на заварување погоден за заварување на тенок
лим. Кога
е потребно заварувањето да има убав изглед, а во исто време добар степен на квалитет на заварување, заварување со МАГ се врши со мешавина на гас со околу 80% аргон, 20% на CO2. Импулсното заварување се врши во сите позиции, без распрскување на капки.
МАГ заварувањето има широк спектар на употреба: кај производното заварување, наварување, и репарација на метални материјали. Овој тип на заварување има предност во однос на останатите заварувања од аспект на поголема економска исплатливост (повеќе заварени материјали во единица време, континуирана работа-без прекини за промена на електродата во процесот на заварување, помалку чистење на заварениот материјал).



