Saturday, January 14, 2017

МИГ Заварување

Миг заварувањето или електролачното заварување е тип на заварување со неутрален (инертен) гас кое може да биде полуавтоматски или автоматски процес на заварување, кој користи континуирано гола жица како електрода за заварување. Iстиот е заштитен со инертен (неутрален) гас или полуинертна мешавина на заштитен гас (обично аргон) за заштита на заварениот спој од загадување. Процесот е побрз од рачно електролачно заварување. Електрода истовремено е и дополнителен материјал, што обично е истороден со материјалот што се завaрува.
Заварување се врши со рачна контрола на апаратот (делумно автоматизиран), механичка контрола или автоматска, со прилагодување на апаратот за заварување. Автоматската контрола е погодна за заварување на метали (слично на ТИГ заварувањето) со дебелина од неколку милиметри, во зависност од видот на материјалот. Главно се користи за заварување на железнички возила (алуминиум), садови, контејнери за прехранбената индустрија (NiCr, Al), цевки (NiCr, Al). МИГ заварувањето за разлика од ТИГ заварувањето има поголема економска исплатливост од  процес на брзина на заварување (повеќе заварени материјали во единица време)

1 comment: